Една дама пожарникар во Скопје: Нема маж, жена кога е пожар – секој пат се молам да нема жртви


 И по девет години, уште ми чука срцето, кога ќе слушнам “Внимание“ на сирената се молам да нема луѓе на местото што гори, бидејќи не сакам ни да помислам дека може да има човечки жртви.

g_devojka-pozarnaРамо до рамо со своите колеги, со опрема тешка петнаесетина килограми, веќе девет години, Билјана Симоновска успешно се бори со огнените стихии во главниот град.

Од пожари до технички интервенции, челичната дама, секогаш е подготвена да спаси нечиј живот, иако го ризикува својот. Таа во интервју за нетпрес говори за својата работа. Секогаш кога одиме на пожар се молам да нема луѓе повредено, вели Биљана.

Ви пренесуваме дел од интервјуто на оваа храбра дама – а целосното можете да го видите на НЕТПРЕС 

– Ова е многу тешка професија, истовремено опасна, но кога се работи за спасување човечки живот, забораваш на страв и даваш се’ од себе кога си на интервенција. Многу си ја сакам професијата и ме исполнуваат работните обврски. Има некоја сила која ме носи и ме тера да работам, да спасам нешто, било човек или нечиј дом.
devojka-3– Многу сум емотивна, секогаш кога одиме на пожар се молам да нема луѓе на местото што гори, бидејќи не сакам ни да помислам дека може да има човечки жртви. И по девет години, уште ми чука срцето, кога ќе слушнам “Внимание“ на сирената.  Кога возиме накај пожар се трудам да не мислам на ништо, бидејќи никогаш не се знае што не очекува таму, само гледам да сум сконцентрирана, за да можам брзо и успешно да работам. Дури и кога јас не сум на интервенција ги мислам колегите, што ќе се случи, дали некој ќе се повреди и слично.
Каков е односот на колегите кон тебе, како единствена жена?
-Тие колку само ме чуваат, никогаш не ме пуштаат кога е опасно, немој Бици ти, немој, а мене ми расне адреналинот и сакам да одам, но ете тие сакаат да ме заштитат. Секогаш внимаваат на мене, ми помагаат, а и јас на нив. Навистина имаме одличен однос и соработка, посебно зошто само јас сум жена, во секој поглед гледаат да ми ја олеснат работата, но кога има пожар нема маж, жена,сите сме пожарникари и мора заеднички да помогнеме. Иако се’ е супер и не би ја менувала работата за ниту една друга, признавам дека ми недостига девојка во друштвото.
Во МВР бев со пушки и пиштоли, а тука се борам со оган. Ако нешто сакаш, не треба да се плашиш туку  храбро да се трудиш и да работиш. Секоја жена која сака да биде пожарникар нека се пријави, бидете силни и храбри и нека не ве плаши што ова е машка професија, мислете само колку е хумана и колку е убаво кога ќе се спаси човечки живот.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1