Една година се откажала од шминка, депилација – еве ги резултатите


Индустријата за убавина е силна и се повеќе присутна, но една мајка се одлучила на вистински експеримент.

fibi-bejker-hajd-260x130Многу од ѕвездите не излегуваат надвор од нивниот дом доколку немаат барем малку шминка на лицето, затоа што сакаат да се покажат во своето најдобро издание.

Една мајка од Бруклин се одлучила за еден експеримент.

Фиби Бејкер Хајд на една година се откажала од шминкање, шишање и депилирање и шопинг!

„Чувствував дека треба да најдам начин добро да се чувствувам. Ништо од тоа што ставав на лицето и телото не ми ја подогна самодовербата“, вели Фиби, а пренесува CBS.

На оваа промена ја натерало раѓањето на нејзината ќерка затоа што сакала да биде во состојба да застане со неа пред огледало и да и рече дека заедно изгледаат одлично и покрај тоа што таа е потполно „несредена“.

Својата промена ја следела една година и ја претворила во книгата „The Beauty Experiment“ во кој детално објаснува од се она што се откажала: маскара, лак за коса, сјај за усни, пудра…

fibi-so-sminkafibi-bez-shminka
Сопругот цело време ја поддржувал, но воделе некоку интересни дебати околу депилирањето.

Откако експериментот завршил, таа повторно почнала да користи гроздова маст за усните и хидратантна крема.

Фиби не смета дека сите жени би требало да престанат да носат шминка, но признава дека најмногу и недостасувал коректорот за подочници.

„Ова сум јас и ако на некого тоа не му е доволно, можеби не сум јас таа која има проблем“, додала Фиби.

Од позитивната страна, за година дена заштедила над 1.000 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1