Едно дете почина, едно повредено – ИКЕА ги повлекува лампите предизвикувачи на несреќите


Компанијата за мебел „ИКЕА“ повлекува милиони детски лампи по трагичната смрт на дете, кое се задушило со кабел на лампата, а друго во друг инцидент е повредено.

gikeaСеријата ѕидни детски лампи „Смила“ се продаваат во „ИКЕА“ од 1999 до 2013 година, а нивната цена е меѓу десет и 13 долари.

Во трагичниот  инцидент 16-месечното дете почина, откако се замота со кабелот на лампата. Друго 15-месечно дете речиси се задавило при сличен инцидент.

„ИКЕА“ ги советува клиентите да го запрат користењето на лампата и да се поврзат со компанијата, за да добијат бесплатно приспособување за зацврстување на кабелот кон ѕидот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1