Едно лице со алкохолно труење примено на Токсикологија


На Клиниката за токсикологија денеска е примен 35-годишен маж со алкохолно труење, додека останатите пациенти кои побарале помош се со заболувања кои ги опфаќаат другите интернистички ургентни состојби.19022014140418_toksikologija

Ова попладнево го изјави доктор Жанина Переска од Клиниката за токсикологија, која изрази надеж дека поголемиот дел од граѓаните ќе ги почитуваат препораките во врска со внес на храна и консумација на алкохол за празничните денови, кои и порано им ги давале посебно на оние лица кои постеле 40 дена.

– За нив претставува многу голем стрес наглото преоптоварување со мрсна храна. Сето тоа може да ја влоши нивната состојба или да предизвика појава на симптоми од желудникот, влошување кај сите пациенти кои страдаат со воспаление на жолчката или камчиња на жолчката, па се до состојби, како што се акутен панкреатит кој може да претставува една витално загрозувачка состојба, додаде Переска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1