Едно од момчињата кои се удавија било заглавено во гепекот (Фото)


Автомобил марка BMW со регистарски таблички BG 848-DN во кој имало шест тинејџери ноќеска слетал во Дунав во Белград на Ада Хујa. Тројца патници успеале да се спасат додека тројца се удавиле.

Како што дознава српски Курир еден од настраданите се наоѓал во гепекот на автомобилот. Тој безуспешно се обидувал да излезе, уште пред автомобилот да слета во Дунав.

bg-nesrekja-s-03
Засега не се познати сите околности поради кои ова момче се наоѓало во гепекот, а полицијата истражува дали младите биле и под дејство на наркотици.

Несреќата се случила утрово во 03.43 на Ада Хуја кај еден ресторан. Како што дознава Курир, Душан Ј. немал возачка дозвола, а во крвта му било пронајдено алкохол 0,85 промили. Тој поминал без повреди. Девојката Милица Ј. (18) исто така поминала без повреди, а во неа биле пронајдени 0,60 промили.

Лука В. (20) се здобил со скршеница на десната рака, а во неговата крв биле измерени 0,87 промили алкохол.

bg-nesrekja-s-09 bg-nesrekja-s-02

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1