Едномесечно бебе починало во Скопје


Едномесечно бебе вчера во 09:25 часот било пријавено за починато од страна на Итна медицинска помош во Единицата за информации и команда Скопје.

Како што соопшти МВР, настанот се случил на ул. „Бајрам Шабани“ во општина Чаир.

Во разговор со полициските службеници родителите на бебето изјавиле дека кога се разбудиле забележале дека бебето не дава знаци на живот. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на бебето било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1