Претходно седмицава во репортажата на агенцијата Reuters за големиот број илегални имигранти од Косово на територијата на Европската унија, меѓу другото, беше наведен и податокот дека во првите девет месеци од минатата 2014 година стотици жители заминуваат од Косово
Колку е драматична ситуацијата во најсиромашната земја во Европа, покажува и повикот за помош на Амбасадата на Германија во Приштина од 3. февруари, упатен до германското Министерство за надворешни работи, при што се посочува дека има драматичен пораст на иселувањето на Косовците, пишува „Билд ам Зонтаг“.
Весникот наведува дека илјадници луѓе заминуваат од Косово и дека најголемиот број илегално пристигнуваат во Германија.
Во меѓувреме унгарската полиција соопштија дека вчера привеле 1.022 имигранти кои нелегално ја преминале српско-унгарската граница. Од приведените 991 биле Косовци. Во петокот во реонот на Чонград биле задржани 1.269 илегани имигранти од кои 1.233 лица се од Косово.