Еколошка активистка 15 месеци не се симнала од дрво (Видео)


Еколошка активистка од Австралија која се качила на едно дрво на еукалиптус пред 15 месеци, на тој начин протестирајќи против сечењето на старите шуми, морала да ја прекине својата акција поради шумски пожар.

miranda-gibson4131-годишната наставничка Миранда Гибсон се качила на врвот на дрвото кое се наоѓа на јужно австралискиот остров Тасманија во декември 2011-та, па од тогаш поминала 457 дена на него.

На висина од 60 метри, таа од тогаш преку Интернет води кампања наречена „The Observer Tree“ во рамките на работата на асосијацијата „Still Wild Still Threatened“.

По совет на нејзинита група, таа конечно се симнала од дрвото и ветила дека ќе ја продолжи акцијата кога ќе се изгаси пожарот кој горел на неколку километри одалеченост.

miranda-gibson2„Промената на правецот на ветерот би можела брзо да го пренасочи пожарот наваму, па не би имала доволно време да побегнам“, објаснила Миранда за медиумите.

Нејзиниот престој на дрвото, симбол на австралиската природа, е најдолг во историјата на Австралија, велат од еколошката невладина организација.

Во 1995 година на северот на државата Квинсленд, Манфред Стефенс поминал 208 дена во слични услови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1