Вкупо 13 претреси се вршат во рамките на полициската акција „Еразмус“ во која се осомничени осум лица од кои петмина се професори на Економскиот факултет во Скопје
Седум од претресите од наредба на судот се вршат во приватни станови. Четири по професорски кабинети, а претреси се вршеле и во студенското бифе, како и во канцеларијата на студенските прашања при Економскиот факултет.
Како што неофицијално дознава Пресс24 од извори од истрагата меѓу осумината пријавени, шестмина се професори од кои едниот е високо позициониран член на МАНУ.
Меѓу пријавените и е еден демонстратор како и сопственикот на бифето на Економскиот факултет.
Сите се сомничат за серија кривични дела од областа на корупцијата. Веќе е приведен поранешниот декан на Економскиот факултет Бобек Шуклев, а по останатите се уште се трага.