Поранешниот директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), генералот Дејвид Петреус призна дека одавал државни тајни, соопшти денеска Министерството за правда на САД.
Во соопштението се посочува дека Петреус пред Окружниот суд во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина, признал оти е виновен за неовластано прикривање и задржување на тајни податоци.
Адвокатите на Петреус, Дејвид Кендал и Роберт Барнет одбија да ја коменираат одлуката на нивниот клиент за признавање на вината.