Екс директор на УБК и 2 адвокати на распит пред истражен – поради малверзации со земјиште


Почна распитот пред истражен судија на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање С.Б., како и двајца адвокати В.Т. и В.П. кои се уапсени поради сомневање дека направиле фанансиски криминал со странски државјани од Словенија.

g_osnoven-sud11Како што објавува Миа, Богоевски кој беше полициски функционер до 1995 година во тогашната Државна безбедност и контраразузнавање, бил уапсен утрово пред неговата канцеларија во скопската населба Дебар Маало.

Финансиски малверзации поврзани со земјишната парцела лоцирана кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ на кое беше предвидено да се гради словенечки „Меркатор“ неофицијално е причината за синоќешното апсење на Слободан Богоевски, поранешниот директор на УБК, но и уште неколку лица, меѓу кои скопските адвокати Васко Томановиќ и Владо Пешликоски, посочуваат извори на „Академик“.

Уапсените се сомничат за три кривични дела: перење пари, фалсификување исправи и користење на исправи со лажна содржина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1