Веќе и официјално Љупчо Тодоровски досегашен директор на БЈБ, од вчера и официјално потврди дека заминува во пензија. Според неговата изјава за Дневник Тодоровски пензиските денови ќе ги минува на Факултетот за безбедност
– На 2 мај добив одлука од Наставно-научниот совет на Факултетот за безбедност дека сум избран за доцент и тоа беше причина да покажам волја и сакам да се занимавам со научна дејност. Би се обидел да се префрлам на некои од факултетите во делот на криминалистиката каде што моето знаење или моето искуство ќе им го пренесам на младите. С` што го поседувам како наука да им го презентирам на младите студенти и на моите колеги.
Нов директор на Бирото за јавна безбедност ќе е Митко Чавков – за него Тодоровски вели .. тој е добар оперативец, добар раководител. Во сите овие години ми беше близок соработник, се надевам и му посакувам да продолжи со ваквите активности и неминовно е дека ќе има резултати.,,
Тодоровски зад себе остави 420 акции, а за него врв е акцијата „Планинска бура“ голема акција во која постоеше можност за поголемо дестабилизирање на безбедноста на Македонија.