Екс-грчкиот министер Цохадзопулос е претепан во затвор


Поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохадзопулос е претепан во затворот Коридалос, соопштија грчките медиуми.akis min odbrana grcija

77-годишниот Цохадзопулос кој отслужува затворска казна од 8 години затвор за даночно затајување и мито при воени испораки, бил во кавга со осуденик за тешки злосторства Василис Стефанакос.

Меѓу нив настанал спор, откако Цохадзопулос побарал да биде изгаснато светлото, бидејќи светлината му пречела. Инцидентот се случил околу 20,30 часот кога затворениците биле заклучени во своите ќелии.

Стефанакос се нафрлил врз Цохадзопулос со навреди и почнал да го удира. Цохадзопулос е сместен во болница и неговата здравствена состојба е сериозна. Тепањето се случило пред очите на стражарите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1