Екс ЈУ државите се дават во долгови – еве колку е должна Македонија


Јавниот долг на државите настанати по распадот на СФРЈ овие денови достигнал “фантастични” 90 милијарди евра. Освен што таа сума е фрапантна, мали се и шансите тие држави некогаш да ги вратат долговите, пишува српскиот портал B92.

EX JUGOSLAVIJAРекордер за сега е Словенија, бидејќи оваа година ќе се задолжи за речиси 28,8 милијарди евра, но Словенија има најмалку причини за грижи бидејќи нејзиниот бруто домашен производ е најголем и има можност за враќање на долгот. Јавниот долг во Словенија во 2013-тата година пораснал на 71,2 проценти од БДП и проценките велат дека оваа година ќе достигне речиси 81 процент од БДП

На второ место се наоѓа Хрватска со околу 28,7 милијарди, а ги следи Србија со долг кој ја надминал бројката од 20 милијарди евра. Поточно, Министерството за финансии објавило дека јавниот долг на Србија на крајот на март изнесувал 20,57 милијарди евра, што е 62,3 проценти од бруто домашниот производ. Во март јавниот долг бил зголемен за 109 милиони евра.

Останатите држави, многу заостануваат, но со оглед на економската сила, и тоа што го должат е премногу.

Така Босна и Херцеговина е должна околу 5,5 милијарди евра, Македонија за државните потреби позајмила 2,7 милијарди евра, додека Црна Гора е должна 1,7 милијарди.

Според проценките на српските економисти, сите држави на СФРЈ, освен Словенија, полека влегуваат во должничко ропство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1