Поранешен министер за здравство на Косово и друг службеник од Приштина се меѓу осумте нови осомничени во истрагата на Европската унија за трговија со човечки органи.
Минатата недела мисијата на ЕУ во Приштина го прогласи почетокот на нова истрага без да го открие идентитетот на осомничените. Беше соопштено дека тие се испитуваат за организирана криминална активност, трговија со луѓе, нанесување тешки телесни повреди, злоупотреба на службената положба и овластувања, измами и трговија со влијание.
Според податоците на весникот “Коха Диторе“ меѓу осомничените се и поранешниот министер за здравство Алуш Гаши и Шаип Муја, кој беше советник на косовскиот премиер за прашањата од областа на здравство.
Се смета дека тие го користеле своето влијание за да ги прикријат нелегалните трансплантации на органи, извршени во клиниката “Медикус“ во Приштина во 2008 година.
Нет прес