Екс началникот на ГШ, Мирослав Стојановски, воен аташе во Брисел


Поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, е новиот воен претставник на Македонија во НАТО и во ЕУ во Брисел, пишува „Дневник“.

miroslav stojanovskiРешението за избор на Стојановски било донесено пред два дена и веќе е потпишано од министерот за одбрана, Талат Џафери. Стојановски беше началник на Генералштабот до пред точно две години, а сега е офицер со највисок чин во армијата.

Министерот Џафери назначил уште седум воени аташеи, чиј мандат ќе биде три години. Првиот македонски воен аташе во Кина ќе биде полковник Смилјан Јурдана. За воен претставник во Велика Британија е назначен полковник Зоран Секуловски, поранешен портпарол на АРМ и офицер за врски во првиот македонски контингент во Ирак во 2003 година.

Воено аташе во Грција ќе биде потполковник Сафет Мициновиќ, во Франција полковник Енвер Јакупи, во Германија потполковник Чедо Јаќимовски, во САД полковник Велин Стојановски, а полковник Kруме Велков е новиот воен претставник при постојаната мисија на ОБСЕ и одбранбено аташе во Австрија, Словенија, Чешка, Словачка и во Унгарија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1