Edvard-SnoudenПопуларниот руски веб сајт Лајф Њус денеска објави нови фотографии од Сноуден. На фотографијата се гледа како Сноуден се вози со брод по реката Москва, а во позадина се гледа Црквата на Христос Спасител.

Според адвокатот, Сноуден сосема нормално се движи низ главниот град на Русија, но сепак неговата адреса останува тајна.

– Тој мирно шета низ главниот град, него му е интересна Русија и нејзината култура. Неговата посета на Кремљ и музеите е доказ за тоа колку ја сака Русија и сака да научи повеќе за неа – истакнал тој за Лајф Њус.

Сноуден ќе почне самостојно да заработува во Русија, бидејќи од 1 ноември ќе почне да работи во една од најголемите компании за поддршка на сајтот. Станува збор за работа во областа на информатичката технологија, а прашањето за работата е веќе решено, нагласи неговиот адвокат.

Компанијата за која ќе работи Сноуден не е државна, бидејќи тој не смее да работи за руската држава. /Извор: telegraf.rs/