Формирањето на оваа комисија е дел од договорот меѓу двете најголеми партии потпишан по покровителство на меѓународната заедница на 1 март годинава.
Илија Димовски и Благородна Дулиќ како предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Рената Десковска и Љубомир Фрчковски како предлог на опозициската СДСМ. Ова се четворица од петте членови на експертската Комисија која треба да ги расветли настаните кои се случија во Собранието на 24 декември, минатата година.
Според извори на Press24 од кабинетот на Претседателот Иванов, партиите се договориле за овие 4 кандидати, додека за петиот, се уште нема договор. Тој треба да биде кандидат кој ќе биде прифатлив и за двете партии и кој ќе треба да претседава со комисијата.
Формирањето на оваа комисија е дел од договорот меѓу двете најголеми партии потпишан по покровителство на меѓународната заедница на 1 март годинава.
Комисијата ќе има единствена цел, да ги расветли случувањата на 24 декември но и настаните кои му претходеа на т.н. „црн понеделник“
Комисијата ќе има единствена цел, да ги расветли случувањата на 24 декември но и настаните кои му претходеа на т.н. „црн понеделник“
Извор – Прес 24