Можни одмазнички акции па и киднапирања на раководните лица во МВР.
На ова предупредува инстуктивната телеграма испратена до раководните лица во полицијата.
Сител дознава дека оперативните сознанија за кои предупредува телеграмата велат дека терористички групи поврзани со кумановската подготвуваат акции за одмазда за полициската акција во Куманово и неутрализирање на една од најопасните групи во регионот.
Сознанијата на полицијата велат дека покрај одмазничките акции можни се и грабнувања со цел размена за терористите кои се во притвор. Инструктивната телеграма упатува на потребата од зголемување на мерките за безбедност на функционерите во полицијата.
Од МВР велат дека ја следат состојбата и ги превземаат сите мерки за превенција на какви било ризици и закани.
Последните сознанија од истрагата покажаа дека кумановската група била инволвирана и во службата во Госинце и дека била исклучително опасна. Податоците добиени преку Интерпол покажале дека 21 од членовите на групата се барале за дури 104 различни кривични дела меѓу кои и убиства, киднапирања, насилство разбојништво.
Полицијата приведе 30 лица кои се осомничени за тероризам и здружување поради непријателска дејност а кои биле дел од групата во Дивата Населба.
Во акцијата животот го загубија десетмина припадници на терористичката група а телата во Косово беа дочекано со највисоки почести.
Терористите убија осум припадници на македонските безбедносни сили а повредени беа 37.