Турската приватна телевизија Си-ЕН-Ен-Турк објави дека при експлозија во фабрика за ракети во близина на Аанкара повредени се најмалку четири лица.
Состојбата на двајца од повредените е сериозна.
Според првичните информации експлозијата во фабриката во градот Елмадаг се случила при уништување на отпадните материјали.
Повредениете се вработени во фабриката.