Утринава во близина на тунелот Стражевица во белградскиот кварт „Петлово брдо“ експлодира гасовод, а пламените јазици достигнаа 40 метри.
Голема експлозија одекнала кај гробиштата Орловача во Белград утринава околу 7.30 часот, експлодирал гасовод. Нема повредени, а пламенот бил висок околу 40 метри.
Според противпожарната служба пожарот е изгаснат и нема повредени во несреќата. Пожарните возила и натаму ќе останат на теренто заради контрола на состојбата, а сообраќајот на новата обиколница кај Раковица веќе е воспоставен.
Причината за експлозијата која предизвика паника и страв утринава во Белград ќе се ситражува од стана на надлежните органи.