Пожар избувнал во двор од куќа во Кичево, информира МВР.
-Вчера во 19:06 часот во Полициската станица Кичево, 58-годишниот В.С. од Кичево пријавила дека во помошната просторија во дворот од нејзината куќа на ул.„Елисие Попоски-Марко“ настанал пожар. Според пријавеното, пред пожарот се слушнала и експлозија. Пожарот бил локализиран во 20:00 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево – соопшти полицијата.