Експлозија на џип во движење: Очевидци велат Синиша врескал во агонија


Возачот на џип марка ,,Тојота“, загина откако експлодираше бомба, кој најверојатно претходно била поставена во автомобилот, јавува РТС. Автомобилот експлодирал околу 13 часот додека стоел на семафор на прометна улица кај популарната Автокоманда во Белград, на Јужен булевар
Според очевидците на местото на несреќата во автомобилот се раширил пламен но тие буквално неколку минути го слушале ужасниот врисок на човекот во него, пренесуваат медиумите. ПО идентификацијата утврдено е дека се работи за Синиша Милиќ.

45-годишниот Синиша Милиќ во Белград загинал во автомобилот марка „тојота” кој експлодирал најверојатно откако бомбата била активирана со далечински управувач или мобилен телефон.

Се претпоставува дека убиството било испланирано до најситни детали. Имено, бомбата била активирана кога тој стоел на црвено светло на семафор и во близина немало други автомобили. Најверојатно со ликвидацијата се сакало да нема и други жртви. Се смета дека бомбата била поставена под седиштето и насочена кон возачот.

Милиќ се поврзува со криминална група од Србија и имал дебело полициско досие.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1