Екстрадицијата на обвинетите во „Монструм“ запна пред судот во Приштина


Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинетите во случајот „Монструм“ можат да останат подолго на Косово отколку што тоа го очекуваа македонските власти и јавноста. Пронајденото оружје во нивниот стан на Косово при полициската акција во која беа уапсени, го намалија интензитетот на екстрадицијата.

demiri i ismailovikj smilkovsko ubistvoПред неколку недели, нашето Министерство за правда ја заврши својата работа, но судската постапка против Демири и Исмаиловиќ за недозволено поседување на оружје која треба до 10 мај да почне на Косово, отвори сомнеж дека обвинетите може да останат таму подолго и од една година. Освен постапката, аминот за екстрадиција сега е во рацете на косовскиот министер за правда.

Во Приштина најдоцна до 10 мај почнува судска постапка против Демири и Исмаиловиќ за двете автоматски пушки, двете бомби и едниот пиштол – оружјето што полиција го пронајде во нивниот стан, дента кога беа уапсени на Косово. Сега останува да се види текот на судската постапка пред косовскиот суд, а потоа екстрадицијата е во рацете на косовскиот министер за правда, Хајредин Кучи. Тој во согласност со законските рамки треба да донесе одлука дали екстрадицијата ќе се одложи поради постапката пред домашниот суд, најверојатно запазувајќи го рокот за екстрадиција од 6 месеци, броејќи од денот на нивното апсење.

monstrum1Во меѓувреме, од Косово се пренесуваат информации дека пронајденото оружје не е поврзано со ланскиот масакар кај Смилковци. Во списите на предметот за петкратното убиство, се наоѓаат чаури, но го нема оружјето од кое се испукани.

Во овој момент, најизвесен е фактот што Косово во законска рамка има можност да ја одложи екстрадицијата се до судскиот епилог за недозволеното поседување на оружјето на обвинетите. Сепак, по одлуката на пресудата, обвинетите можат да се жалат на второстепениот суд одејќи по сите судски инстанци, а со тоа екстрадицијата може да се случи многу подоцна од она што се очекуваше.

Akademik.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1