Екстракти од канабис во аптеките до крајот на мај


Две барања за увоз на суровина од која ќе бидат произведувани препарати на база на канабис, се поднесени до Агенцијата за лекови и медицински средства.

Тие се одобрени и се очекува суровината за производство да биде во Македонија до крајот на следната недела.kanabis lek

Министерот за здравство Никола Тодоров информира дека до Агенцијата за лекови и медицински средства поднесено е и едно барање од правно лице или, како што рече, сериозна фармацевтска компанија за добивање дозвола за производство на екстракти од коноп.

– По проверка на исполнетоста на условите и стандардите следи стекнување лиценца за производство. Доколку целата процедура е во ред, очекуваме првите проверени и контролирани производи на база на коноп во аптеките да ги имаме до крајот на мај годинава. Односно, до крајот на мај овие производи да станат достапни за сите пациенти во Република Македонија, рече Тодоров.

Со донесувањето на сите овие законските измени, како што рече, се овозможи производство, промет, поседување и употреба на канабис, екстракт и тинктура на канабис, согласно условите пропишани во истиот Законот.

– Со тоа се создадоа реални услови за легално ставање во промет безбедни и квалитетни препарати на база на канабис за точно дефинирани и препишани медицински индикации, како и полесна достапност до овие препарати преку легален увоз и легално производство, рече Тодоров.

Нагласи дека на пазарот во Република Македонија за медицински цели ќе бидат достапни препарати од коноп, кои ќе се користат за малигни заболувања, за заболени од мултиплекс склероза, заболени од ХИВ и тешки епилептични синдроми од детска возраст.

Министерот за здравство информира дека е донесен Правилник со кој се регулира ставањето во промет на препаратите од коноп, се пропишува и издавање лекарски рецепт на препарати кои содржат најмалку 0,02 проценти ТHC.

– Со Правилникот не ја ограничуваме дозата на ТHC и оставаме тоа да го одредат лекарите, согласно состојбата и потребата на пациентот, рече Тодоров. Додаде дека МЗ во соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства на крајот на месецот ќе организира и стручни едукации и обуки со странски експерти наменети за докторите специјалисти кои треба да ги препишуваат овие препарати, како и за фармацевтите за начинот на издавање на препаратите во аптека.

Директорката на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) Марија Дарковска Серафимовска информира дека правните лица кои се заинтересирани веќе можат и се создадени сите услови да аплицираат за добивање дозвола за одгледување марихуана.

– За производство на екстракти, веќе има една апликација од сериозна фармацевтска компанија за која треба да провериме дали се исполнети условите во текот на следната недела. И веќе следната недела ќе се почне со екстракција и производство на домашен екстракт од канабис. Доколку сите услови се запазени, веќе имаме апликација за увоз на две суровини, едната е готов екстракт, а другата е билка, растение која оваа фармацевтска компанија сака да проба од него да екстрахира активна компонента, рече Дарковска Серафимовска.

Постои голем интерес и од неколку мултинационални компании за да го заокружат целиот процес.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1