Електронската цигара опасна по здравјето!


Француското списание „60 Million Consumers“ пишува дека електронските цигари и не се толку безопасно како што се рекламираат од страна на нивните производители.

elektronskacigara– Тие се далеку од безопасни апарати. Тоа не е причина за нивна забрана, но потребно е подобро да се контролираат, објавува списанието.

Заклучоците се донесени по истражувањето и тестирањето на 10 модели на вакви цигари.

Списанието ги критикува одредени видови поради безбедносните недостатоци, бидејќи нивото на никотин во течноста која се наоѓа во цигарите може да биде смртоносен за децата. Во истражувањето се користени најнови методи за откривање на значителни количества на канцерогени молекули при испарувањето на цигарите, а кои досега не се забележувале.

Истражувањето покажало дека кај три од десет видови на електронски цигари нивото на формалдехид, кој е канцероген, бил речиси колку оној кај обичните цигари.

Во Франција околу еден милион луѓе ги користат ваквите цигари, каде пушењето на јавно место е забрането од 2007 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1