Електронските цигари предизвикуваат рак? Научниците тврдат дека постои огромен ризик


Научниците потврдиле дека испарувањата од електронските цигари во себе содржат штетни хемикалии кои предизвикуваат смртоносни облици на рак на белите дробови, но и на другите органи. Електронските цигари содржат хемикалии кои предизвикуваат смртоносен облик на рак, исто како и обичните цигари, открила една нова студија.

Најновото истражување кое ги испитало здравствените ризици од вдишувањето на испарувањето од е-цигарите, открило дека тие испарувања содржат исти слободни радикали какви што има и во обичниот чад од тутун.elektronska cigara22

Научниците биле изненадени кога во пареата од електронските цигари пронашле хемикалии кои предизвикуваат рак.

„Откривме дека влијанието кое е-цигарите го имаат врз белите дробови не е неутрално. Набљудувавме дали ја зголемуваат можноста за инфекција на респираторниот систем и одговорот е – да“, вели професор Шајам Бисвај, експерт за болести на белите дробови од „Johns Hopkins University“, кој бил и автор на оваа студија.

Истражувањето било спроведено на глувци, кои за време на две недели биле изложени на испарувањата од електронски цигари.

„Испарувањето од е-цигарите ја намалила способноста на глувците да ги отстранат бактериите и вирусите од своите бели дробови и вирусна инфекција ги довела до губење на телесната тежина, па дури и до смрт“, вели доктор Томас Сузан, еден од истражителите.

Има и добри вести за конзумерите на е-цигари, а тоа е дека бројот на слободни радикали во тие испарувања е многу помал отколку во чадот од обичните цигари.

„Бевме изненадени колкав е тој број, сепак голем, со оглед на тоа што кај е-цигарите нема согорувања. Тоа е уште еден голем број на слободни радикали кои може да им нанесат штета на клетките“, вели доктор Сузан.

Слободните радикали се штетни молекули кои може да им нанесат сериозна штета на клетките и на ДНК.

Повеќе за ова на – БабинЛек.ком

 

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1