Елитната проститутка си ги скршила двете нозе при скок во река по убиството на бизнисмен


21- годишната елитна проститутка и поранешна Мис на Хервеговина си ги скршила двете нозе додека бегала пред полицијата по убиството на 55- годишниот босански бизнисмен.

Сунита Хиндиќ – Бошковиќ е осомничена за убиство на познатиот сопственик на ресторан Нино Иванковиќ со неколку истрели во грб. Таа еден ден беше во бегство , а потоа од местото на злосторството во близина на Мостар , беше уапсена во близина на Травник. Денеска и е определен притвор , а нејзините адвокати сметаат дека треба да биде пуштена на слобода , бидејќи не може да бега со две нозе во гипс.

Таа во истрагата тврдеше дека од вилата каде го убила бизнисменот , скокнала во река. Но , полицијата се посомнева , зашто од вилата до реката има тераса висока три метри. Подоцна , покрај ѕидот на оградата на вилата на бизнисменот биле најдени нејзините чевли и траги од крв , што докажува дека девојката лажела.

Полицијата, претходно соопшти дека таа изјавила дека немала намера да го убие Иванковиќ и дека не е виновна за „збирот на несреќни околности“.

Селаните често ја гледале Сунита во Мотелот Вила Иванковиќ во Буна кај Мостар, сопственост на убиениот претприемач Нино Иванковиќ (55).

“Жената за која станува збор честопати доаѓаше во вилата. Која беше целта на нејзината посета, не знаеме, но ја гледавме скоро секој ден”, изјавиле жителите на Буна за босанските медиумите. Според Дневни аваз, девојката била и претходно позната за насилно однесување. Поточно, на почетокот на мај, таа го нападнала Хрватот А. П., кој ја пријави во полиција.

Пријавена е во полиција и за напад врз девојка од Љубушко и дека ја претепала. Во српските медиуми таа се пофали дека е бремена и дека татко на детето е српскиот фолк пејач Стефан Јаковљевиќ и дека тој ја поттикнал на проституција. Иако никој официјално не го потврди тоа, локалното население во малиот град во Херцеговина вели дека ваквите информации им се познати. Сунита беше обвинета за елитна проституција и од страна на српските старлети, но таа негираше сè и рече дека тие биле само љубоморни.

Нино Иванковиќ беше застрелан и убиен во петокот наутро со повеќе истрели од огнено оружје во неговиот мотел. До него, полицијата пронашла пиштол.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1