Емили Ратајковски ги изненади своите обожаватели со веста дека се омажи. По само неколку недели врска, 26-годишниот модел стапи во брак со актерот и продуцент Себастијан Беар-Меклард во Њујорк.
Атрактивната манекенка сподели фотографии од специјалниот ден. Невестата носеше костум од „Зара“, кој чини 7.180 денари.