Носителот на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5, Антонио Милошоски при денешната посета во Крушево, имаше емотивен разговор со една 100-годишна жителка, која од срце ги сака ВМРО и Македонија и гласа за нив.
Таа им посака многу среќа- Со сите сили да победиме. Ќе победиме, рече 100-годишната баба Сина од Крушево.
Погледнете го видеото.
Милошоски видеото го објави на својот Фејсбук профил и напиша: Мажот на крушевчанката Баба Сина лежел 4 години на Голи Оток. Таа дома, мајка на 5 деца. Сега има 100 години и од срце ги сака ВМРО и Македонија и гласа.