Еден текст напишан од поет, на шпански јазик, ги разнежни сите. Текстот е напишен како емотивна порака од мајка која се соочува со староста, до својата ќерка.
Мое драго девојче, денот кога ќе видиш дека јас стареам, те замолувам да бидеш трпелива, но најмногу од сè да разбереш низ што поминувам.
Ако додека зборуваме, јас го повторувам едното исто илјадити пат, не ме прекинувај прекорувајќи ме: “Го кажа истото пред една минута…” Само слушај ме, те молам. Обиди се да се сетиш на времето кога ти беше мала и јас ти читав едната иста приказна секоја вечер сè додека ти не заспиеш.
Кога нема да сакам да се бањам, не ми се лути и немој да ме срамиш. Паметиш ли кога ти беше мало девојче а јас морав да трчам по тебе наоѓајќи милион изговори само за да те натерам да влезеш во бањата?
Кога ќе видиш колку сум неука кога станува збор за новите технологии, дај ми време да научам и не ме гледај со прекор…запомни, душо, јас тебе трпеливо те учев како да правиш многу работи – како да јадеш правилно, како да се облечеш, како да си ја чешлаш косата и како да се справиш со секојдневието и препреките кои ти ги носеше животот…денот кога ќе видиш дека јас стареам, те замолувам да бидеш трпелива, но најмногу од сè, обиди се да ме разбереш низ што поминувам.
Ако понекогаш изгубам концентрација за она што зборуваме, дај ми време да се присетам и ако не можам – немој да бидеш нервозна, нетрпелива и арогантна. Само знај во своето срце дека најважното нешто за мене е да бидам тука, до тебе.
И кога моите стари, изморени нозе нема да ме движат брзо како порано, дај ми ја твојата рака на истиот начин на кој јас ти ја нудев мојата кога ти за прв пат прооде. Кога тие денови ќе дојдат немој да се чувствуваш тажно…само биди со мене додека да дојдам до крајот на мојот живот со љубов. Јас секогаш ќе го ценам и ќе бидам благодарна за подареното твое време и среќата која ја споделувавме заедно. Со голема насмевка и огромна љубов која секогаш ја имам за тебе, само сакам да ти кажам, ТЕ САКАМ….моја драга ќерко.
Kurir.mk