Емотивно простување на Љубиша Самарџиќ од Бата Живојиновиќ


Љубиша Самарџиќ кој одигра бројни сцени со Бата Живојиновиќ и беше негов пријател, достави пишана реакција до медиумите во Србија, по веста за смртта на Живојиновиќ, во која стои:1bata-3

„Предмалку кога дознав дека нашиот угледен колега Бата Живојиновиќ заминал, занемев!! Сеќавањата не бледнеат! Остави нераскинлива трага со својот раскошен талент во многу наши заеднички филмови. Пула ни с епоклонуваше. Децата ни растеа! Мира и неговата Лула беа блиски! Остави траен печат со своите ролји и имаше персоналност, бриткост и раскошна дарба со која ги пленеше гледалиштата. Нека му е лесна земја. Сите сме на истиот пат. Луѓе на заминување!“

Една од нивните култни заеднички сцени е завршната сцена во „Валтер го брани Сараево“. Погледнете:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1