Ердоган им се закани на џихадистите: Ако им фали едно влакно на моите војници, нема лесно да поминете!


Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган се закани со одмазда доколку џихадисти на Исламска држава ја нападнат гробницата на отоманскиот владетел, Сулејман Шах во Сирија.erdogan

-Нема да се двоумиме да одговориме доколку нешто се случи. Четириесетина наши војници се стационирани во зоната која што е турска територија-изјави тој.

Инаку Турција веќе одамна има распоредено своја војска околу гробницата на Сулејман Шах во Сирија, поради опасност од напади.

Лидерот на турската војска на војниците, кои што се задолжени за безбедноста на тоа историско место, кое се наоѓа 25 километри во сириска територија, им дозволи да отворат оган во случај на напад од ИС.

Гробницата на Сулејман Шах, дедото на Осман Први се смета за турска територија со потпишување на договорот во 1921 година помеѓу Франција, на која тогаш и припаѓала оваа територија и Турција.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1