Ердоган: Не сакаме ескалација на односите со Русија – не знаевме дека авионот е руски


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вели неговата земја не сака ескалација на тензиите во односите со Русија по вчерашниот трагичен настан кога Турција собори руски воен авион.

– Немаме намера да провоцираме ескалација на тензиите за овој инцидент. Ние само ја браниме нашата безбедност и правото на нашите браќа, изјави Ердоган, пренесуваат турските медиуми.

erdogan-turska-vojska-500x333

Ердоган го повтори ставот на неговата земја дека авионот на Русија летал над турскиот воздушен простор кога бил соборен. Полемиките околу тоа дали авионот летал над Сирија или Турција и понатаму траат а Москва и Анкара се разидуваат во тврдењата.

Турција тврди дека авионот Су-24 бил опоменат најмалку 10 пати во рок од 5 минути дека навлегол во турскиот воздушен простор пред да бил соборен.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турското воздухопловство не знаело дека авионот е руски кога бил соборен.

„Вчераутро нашиот воздушен простор го наруши летало од непозната националност. Два авиони во рок од две минути беа 10 пати предупредени да не ја преминуваат границата. Едно од нашите авиони ги предупредуваше да се вратат во Сирија, а тие продолжија да го нарушуваат воздушниот простор“, рече Ердоган, пренесе турскиот весник Хуриет.

Руското Министерство за одбрана пак, вели дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор, туку бил во Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1