Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој неодамна заради поттикнувањето на наталитетот, апелираше до Турчинките да раѓаат по три деца, сега се коригира и им побара да раѓаат по четири деца.
– Три деца не се доволно, раѓајте по четири – изјави Ердоган пред група жени, кои му аплаудираа по церемонијата на отворањето на геотермална централа во средоземноморскиот округ Денизли.
Ердоган направи поврзаност меѓу нискиот наталитет во европските држави и економската рецесија.