Владата на Турција ќе одржи консултации со вооружените сили и сите останати сектори, ако дојде до прекин на испораката на гас од Русија. Турција нема да пропадне, ако тоа се случи. Тоа го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред новинарите за време на посетата на Катар.
Во моментов Анкара развива воведување на евентуални економски мерки како одговор на санкциите кои ги презеде Русија во односите со Турција.
“Вие знаете дека ние користиме гас од постоење на човештвото. Го користиме, бидејќи ние сме го откриле. Нашата нација е навикната на страдање. И не станува збор за тоа дека ние ќе пропаднеме без рускиот гас. Јас веќе реков дека, освен од Русија, ние купуваме гас од многу земји. Со божја помош ние ќе ги надминеме проблемите “, рекол Ердаган.
Листата со забранети турски производи веќе беше објавена во медиумите. Во долгата листа ставени се агруми, домати, кромид, краставици и др. Забраната стапува на сила од 1 јануари 2016 година. Таа нема да важи за стоки кои се за лична употреба. Исто така санкциите вклучуваат и укинување на безвизниот режим меѓу двете земји, забрана за продажба на туристички ваучери за одмор во Турција и вработување на турски граѓани на територијата на Русија.