Италијанскиот музичар Ерос Рамацоти и неговата долгогодишна партнерка Мариса Пелегринели ја изненадиле јавноста, но и своите најблиски, кога тајно се венчале на 6 јуни во Милано.
Свадбената прослава е организирана во едно одморалиште во близина на виноградот на гратчето Гавија, а според пишувањето на италијанските медиуми, церемонијата е одржана на тревник додека гостите уживале во заоѓањето на сонцето.
На свадбата присуствувале околу 200 гости, меѓу кои биле и ќерката на славната двојка, тригодишната Рафаела Марија, како и 18-годишната Аурора Софи, ќерката на Ерос од претходниот брак. Невестата и младоженоцот за оваа многу романтична церемонија избрале модели од модната куќа „Валентино“.
Ерос носил син костум, додека Мариса блескала во необична венчаница, чие здолниште било украсено со ноти, и со вел долг два метра.