Есма e жива и здрава – била само на рутинска контрола!


По веста за влошената здравствена состојба на кралицата на ромската песна и нејзиното синоќешно завршување во  болница, се јави менаџментот на Есма Реџепова со демант на информациите и написите кои беа објавени во јавноста. Демантот Ви го пренесуваме во целост:esma.jpg500

 

Почитувани читатели,

Би сакала да ја деманирам веста дека Г-ѓа Есма Реџепова е префрлена итно во болница поради влошена здравствена состојба. Точно е дека Г-ѓа Есма  беше во клиничката болница „Систина“, каде што беше на рутинска, однапред закажана контрола. Го молам порталот и официјално да ја демантира оваа вест, која ја доведе во заблуда целата македонска јавност. Воедно, на обожавателите и почитувачите на Г-ѓа Реџепова ин потврдувам дека госпоѓата се чувствува одлично и со нетрпение Ве очекува сите за дочек на Нова Година да бидете на Плоштадот Пела во центарот на Скопје и да се дружите со неа и нејзината песна.

Со почит, Весна Ѓорѓиевска,

Менаџер на Есма Реџепова Теодосиевска

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1