Есма со сила ја натерале да пее на ромски – ,,голтам кнедли и молчам, што можам,,


Српскиот медиум вести-онлајн објави дека Есма не криела дека во исто време е разочарана, повредена и бесна од новата песна која ќе ја преставува Македонија на евровизија со наслов „Пред да се раздени“.

esma i lozano„Иако песната не ми се допаѓа, не можам ништо да направам. Тие сакаа да пеам на ромски јазик и на Симеон му беше така наредено. Зошто да пеам на ромски, можев и јас на македонски, тоа и го сакав, но не ми дозволија. Приказната ќе беше поинаква ако го отпеевме рефренот заедно, макар и на ромски“- се пожалила Есма.

Најмногу е револтирана што во песната е како придружен вокал.

-Што да Ви кажам, ни малку не сум задоволна. Она што сега го пеам не е тоа тоа. Јас пејам, но како придружен вокал на Влатко. Тој пее три стиха и тоа ги повторува, а јас треба да излезам на сцена и да отпеам само два. Пеам преку 55 години и сега треба да бидам само придружен вокал. Тоа нема смисла. Ајде да не знаев да пеам, во ред, но јас знам да пеам. Голтам кнедли и молчам, што да правам“ – Изјавила Есма.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1