Европската комисија денеска соопшти дека склучи договор со фармацевтскатакомпанија „Гилад“ за купување на 500.000 дози од лекот „Ремдесивир“ за болеста Ковид-19.
Договорот за заедничко купување на лекот го потпишаа 36 држави,меѓу кои и сите 27 земји-членки на Европска Унија.
Ниту еден лек досега не се покажа како ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус, но антивирусниот медикамент „Ремдесивир“ помага за побрзо заздравување на пациентите.
ЕК во јули го одобри „Ремдесивир“ за лекување на Ковид-19.