Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
– Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер налог.
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска на видео – конференција дебатираа за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија. Ставот на ЕК по ова прашање, е јасен: двете земји испорачаа реформи и се подготвени да ги отворат преговорите, твитна Вархеји.