Нискобуџетната компанија Еуровингс од 31. октомври отвара нова линија од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје до аеродромот „Франц Јозев Штраус“ во Минхен.
Летот ќе се реализира два пати неделно, односно секој вторник и петок .Цената на авиобилетите почнува од 39.99 евра.Билетите за летовите на оваа линија се веќе во продажба преку веб-страницата на авиокомпанијата eurowings.com.
Генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој пак нагласува дека ова е уште една придобивка за граѓаните на земјава.
– Патниците и во Македонија и во Германија ќе имаат уште еден директен лет што ќе ги поврзува двете земји. Ова исто така го означува и почетокот на работењето на Еуровингс, како нискобуџетна авиокомпанија, на македонскиот воздухопловен пазар. Скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе биде поврзан со главниот аеродром во Минхен, што ќе претставува одличен избор и можност за продлабочување на комуникацијата меѓу двата града. Друг важен факт за Еуровингс како членка на групацијата Луфтханза, е дека нашите патници, не само од Македонија, туку и од регионот, ќе имаат дополнителни конекции и во Европа и на интерконтинентално ниво надвор од Минхен – изјави Ерсој.
Тој најавува дека и во иднина ТАВ Македонија ќе се обидува да обезбеди што повеќе авиокомпании да почнат да летаат од и до скопскиот аеродром.