Речиси 1.500 луѓе во петокот утрото беа евакуирани од двата терминала на аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург поради јавување дека аеродромот е миниран.
„Од терминалите ’Пулково 1’ и ’Пулково 2’ после анонимниот повик беа евакуирани околу 1.500 луѓе. Просториите ги проверуваа специјалисти“, изјави припадник на безбедносните органи.
Oткако е извршен детален преглед и утврдено дека станува збор за лажна дојава аеродромот се врати на нормалното функционирање – се реализираа и закажаните летови.
Ова е фотографија од моментот кога повеќе од 1500 луѓе беа итно изнесени вон терминалните згради поради нивната безбедност.