Евакуација во метро во Истанбул- забележан осомничениот за нападот во ноќниот клуб „Реина“


Во станица на метрото во Истанбул дошло до евакуација на патниците заради добиен сигнал од полицијата дека во неа е забележан осомничениот за нападот од новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Реина“, пренесе ТАСС, повикувајќи се на весникот „Јени шафак“.istanbul2

Според весникот, станува збор за станицата на метрото во истанбулскиот кварт Багџалар. Полицијата ја пребарува станицата.

Во новогодишната ноќ, 1 јануари, непознат напаѓач отвори оган во ноќниот клуб „Реина“ во истанблускиот кварт Ортакој, убивајќи 39 лица, вклучувајќи и 16 странци, а приближно 70 лица беа ранети.

Меѓу жртвите имаше државјани на Саудиска Арабија, Мароко, Јордан, Либан, Либија, Израел, како и една руска државјанка.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Весникот „ Дејли сабах“ на 7 јануари јави дека турската полиција го утврдила идентитетот на осомничениот. Според весникот, напаѓачот е Узбекот Абдулгадир Машарипов, познат исто така и како Абу Мухамед Хорасани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1