Поради сомнителен пакет денеска беше евакуиран центарот на Лондон околу катедралата Свети Павле, а очевидци тврдат дека е извршена контролирана експлозија.
Во тек е полициска истрага, а голем дел од Сити е блокиран по наводите дека е пронајден сомнителен пакет, објавија лондонски медиуми.
Вработените во Сити се евакуирани од областа, полицијата го блокираше зоната околу катедралата, а затворени се сите улици во околина. Нема официјална потврда дека е извршена контролирана експлозија.