Евакуирани 300 патници од авион на „Ер Франс“ на аеродромот во Париз


Околу 300 патници беа евакуирани доцна синоќа од авион на француската компанија „Ер Франс“, што требаше да полета од парискиот аеродром Роаси кон Шангај, откако во леталото се појавил густ чад и мирис на сулфур.

avion-izmirСпоред пишувањето на интернет изданието на „Монд“, авионот се наоѓал на пистата кога се појавил чадот, по што сите 298 патници го напуштиле авионот со тобогани. Двајца од патниците беа полесно повредени.

Властите започнаа истрага за утврдување на причините за инцидентот. Според некои извори, се работи за неисправност на турбината или електричен проблем на еден помошен мотор, кој го снабдува авионот со електрична енергија додека авионот е на пистата.

Патниците полетаа за Шангај изутринава со друг авион.

Denesen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1