Сите дваесет ресторани од американскиот синџир на ресторани за брза храна „Макдоналдс“ во украинската престолнина Киев денеска беа евакуирани поради закана од бомби, пренесе ТАСС.
Заканата била упатена телефонски до локалните полициски служби, кои сега детално ги проверуваат рестораните.
Претходно денеска имаше закана за бомби и во две станици на метрото, но тие се покажаа неосновани.
Во последните денови во Украина зачестија телефонски закани за терористички напади. Вчера беше евакуиран трговски центар во Харков поради закана од подметната бомба, а на 15 октомври беше евакуиран и ресторан во Полтава, исто така, поради закана од бомба.