Пробивањето на безбедноста на еден од најпрометните аеродроми во Европа, оној во Франкфурт, предизвика одложување на повеќе летови.
– Делови од Терминалот 1 од Франкфуртскиот аеродром се евакуирани, откако патник влегол во ограничената зона, без претходно во цлеост да ја мине безбедносната проверка, информира оператор од центарот.
Поради тоа, Федералната полиција ги расчисти Пирс А и А + и патниците повторно ќе бидат подложени на безбедносна проверка, јави Би-Би-Си.
Портпаролот на Франкфуртскиот аеродром изјави дека нарушувањето на безбедноста ќе води до одложување на некои летови.