Евакуирано училиште во Струга – дојава за бомба


Лажна дојава за бомба во близина на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга ја прекина наставата претпладнево од 10 часот.skolo vnatre

Според директорот на училиштето Шелким Алиу,  полициски службеници дошле во училиштето и кажале да се евакуираат учениците поради дојава за бомба во близина на училиштето, по што наставата била прекината.

–    Дојдоа надлежните од МВР од Струга и ни рекоа без паника да ги евакуирате децата од задните врати. Ги евакиравме без никаков проблем. Се претпоставува дека во една бугарска кола имало бомба во близина на школото. Дојдоа експерти од Скопје и  Охрид, проверија и видоа дека нема ништо, изјави за МИА, Алиу. Тој посочи дека продолжила редовната настава од втората смена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1