Доколку летово се најдете во Хрватска најдобро ќе биде да не вадите пари од банкомат. Според хрватските медиуми банкоматите на неколку хрватски банки за едно евро наместо 7,5 куни, колку што е курсот во Хрватска, исплаќаат суми под 7 куни.
Хрватските медиуми велат дека банките вовеле т.н. “динамичен курс“ кој во текот на туристичката сезона ќе им овозможи значителен профит, или на 100 евра, тие ќе заработат околу 500 денари.
Македонските туристи често ја избираат Хрватска како своја дестинација за летниот одмор. Затоа, препораките се да не вадите пари во кеш од банкоматите.